|
| |
|
Фирмата КИКСАН ДОО се појави на бугарскиот пазар во средината на 2005 г. со основна дејност производство и трговија со самолепливи ленти. Стартот на производството беше означен на почетокот на месец февруари 2006 г. и за само неколку месеци, производите со трговска марка K TAPEнавлегоа широко во трговската и производната мрежа. Идејата на овие производи е да ја збогатуваат палетата на производи кои се нудат а не да ги копираат веќепостоечките.
Само една година откако фирмата КИКСАН ДОО се зацврсти на бугарскиот пазар, нејзината производна палета се зголеми, како со нови модели така и со нови видови на самолепливи ленти. Производството на пакетирани, двостранолепливи и селотејп од хартија растеше паралелно со нивниот увоз од страна на водечки фирми во Италија, Грција, Романија, Тајван и др.
За остварување на своите идеи КИКСАН ДОО располага со модерна опрема од водечкиот произведувач на машини WEBTEC. Двостраниот дијалог меѓу двете фирми е гаранција за спокојство и квалитет на пазарот кој сè побрзо се развива кога е во прашање технолошкиот однос.
Убаво е да имаш минато затоа што постигнатото ти дава повод за гордост. Фирмата КИКСАН ДОО е една од младите во овој бизнис, но и една од најенергичните, со брз развој, додека одзивите кои се враќаат од клиентите даваат увереност дека патот по кој се развива е оној вистинскиот. |
 |
| |
| Управител - Адријан Чанев |
| |
| Трговски Директор - Илијан Христов |
| |
|